Стано: Борел претстави мерки за Приштина доколку не се смири ситуацијата

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, денеска изјави дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на земјите членки им презентирал мерки кои треба да се воведат доколку премиерот на Косово, Албин Курти, не презема чекори за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

Тој за Танјуг потврди дека Борел го добил писмото од Курти и дека на него ќе одговори преку соодветните канали.

Посочи дека ЕУ сè уште не видела решителни чекори на Курти неопходни за деескалација на ситуацијата.

Слични содржини