198
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа како дел од подготовките за самитот на Алијансата кој ќе се одржи во јули во Вилнус.
Столтенберг му се заблагодари на Бајден за неговото лидерство и посветеноста на Вашингтон кон НАТО во најопасната безбедносна ситуација во оваа генерација, се вели во соопштението на НАТО.
Тој им се заблагодари на американскиот Конгрес и на американскиот народ за нивната клучна поддршка за Украина.