378
Полицијата утрово околу девет часот уапси поранешен ученик кој застрела наставник во основно училиште во Лукавац кај Тузла, јавуваат медиумите.
На фотографијата се гледа како полицајците го држат напаѓачот на земја, додека до него има пиштол.
Како што дознава „Кликс“, станува збор за ученикот Г.М.(15) кој поради лошо однесување бил префрлен од едно во друго основно училиште.
Ученикот утринава вооружен дошол во училиште и го барал вработениот Н.О. кого го застрелал во пределот на главата. Го ранил во пределот на вратот, а ранетиот е во тешка состојба.
Училишниот наставник кој бил застрелан е префрлен во Клиничкиот центар во Тузла, во тек е операција.
Повеќе детали за неговата здравствена состојба ќе бидат познати во текот на денот.