Антиалбанството, стара мантра во стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
555 прегледи

Еден од најголемите протестни собири што се одржа после парламентарните избори во 1998 година, се случи на 29 февруари 1999 година. Беше тоа ноќен и моќен синдикален собир на кој се приклучија и бројни незадоволни гласачи. Според тоа што извикуваа дел од дојдените (повеќето од градовите во внатрешноста), беше јасно дека тие беа гласачи на „најмакедонската партија“ кои подлегнале на ветувањата на политичките активисти кои порачувале дека нема да дозволат „диктати“ на албанските партии и дека ќе прават коалиции само со партии со македонски предзнак.

Познато е дека новата влада, со Љубчо Георгиевски како премиер, сепак во себе вклучи и министри кои дојдоа од новиот коалиционен партнер ДПА и ги добија ресорите правда (!), информации, локална самоуправа и едно место без ресор. Ова кај дел од оние кои сметаа дека „наседнале“ предизвика револт кој набрзо беше засилен по убиството на тројца полицајци (Кирил Петрушевски, Ерол Готак и Ацо Ангеловски) на работното место во Арачиново, случај кој ни после две децении не се реши (добро е на ова да се потсетат оние кои се незадоволни од ефикасноста на правосудството денес).

Имаше многу примери дека не само што не се преземаат „поостри мерки“ кон еден етницитет, како што стоеше во предизборните „магнети“ на партијата победник, туку се виде дека постои една рамнодушност кон потенцијалната поделба на земјата по стариот урнек од Втората светска војна.

Ова беше засилено со една изјава на вицепремиерката Доста Димовска во стилот „отаде Групчин ништо не ме интересира“, потврдена со планот на првиот човек на МАНУ Ефремов за нова мапа на земјава по старите граници на бугарско-италијанскиот окупатор и тоа среде вооружениот конфликт во 2001 година!

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини