Калајџиев: Какви се обвиненијата против д-р Жан Митрев?

од Vladimir Zorba
632 прегледи

Деновиве пред Основниот Кривичен Суд во Скопје стартува судењето против д-р Жан Митрев и неговата Клиничка Болница Жан Митрев. Јавноста со право покажува голем интерес за овој случај, кој е интересен и пошироко затоа што е редок (ако не и прв) случај на поведување постапка за правна одговорност на болниците и медицинскиот персонал во врска со справувањето на пандемијата со Ковид-19.

Аферата започна пред точно една година со истражувачка сторија на ИРИ насловена како „Нечиста крв“ (достапно на интернет) во која беа изнесени сериозни обвиненија за несовесно лекување и други пропусти на Клиниката, но и со многу лични напади врз угледот на д-р Жан Митрев, кој наводно лажно се кител со сомнителни дипломи, признанија и сл. Јавноста беше згрозена од тврдењата дека Клиниката наводно ја криела појавата за интрахоспитални бактерии и дека вршела недозволени експерименти врз пациентите без нивно знаење и согласност – и од тоа се богатела. На крајот, од овие сериозни новинарски обвинувања сепак не излезе ништо.

Имено, излезе дека тимот на д-р Митрев не спровел вистинска клиничка студија за која требала посебно одобрение и некаков експеримент, туку објавил само ретроспективен приказ на резултатите од употребата на хемофилтрацијата во лекувањето на сериозни инфекции со Ковид-19. Деновиве Основниот кривичен суд ги ослободи д-р Митрев и Клиниката од обвинението дека во МАЛМЕД не пријавиле отпочнување со клиничко испитување на медицински средства за хемофилтрација.

ИРЛ повторно се повикува на стручен труд за наод на болнички бактерии во болницата. Трудот е напишан од самата болница. Ако сакале нешто да прикријат, нема да го објавувале. Не се работи за инфекции со тие бактерии, туку наод на истите кај пациентите и нивната околина. Може да била и колонизација. Бактеријата ја има во носот или устата, тоа не значи дека таа предизвикала пневмонија. Голем дел од тие бактерии пациентите ги носат со себе, бидејќи биле лекувани во други болници. На крај, интрахоспитални инфекции се неминовност во секоја болница, особено во интензивна нега. Не е прашање дали ги има, туку дали е се преземено да ги има помалку, дали се откриваат и следат или се заташкуваат и игнорираат, како што е во некои болници. Оттука и ова обвинување отпадна и не влезе во обвинителниот акт (предлог).

На крајот, обвинение против доктор Жан Митрев и против самата Клиника како правно лице е подигнато заради примената на хемофилтрацијата и тоа не заради несовесно лекување, не заради тоа што некој умрел и сл., туку за (обична) измама! Имено, д-р Жан Митрев наводно свесно и намерно ги довел пациентите и нивните семејства во заблуда (одн. ги лажел) така што прикривал или лажно прикажувал факти со намера да прибави, ни помалку ни повеќе туку точно 97.461.600,00 ден.!? Од кривичноправен аспект е важно што намерата да прибави противправна корист е конститутивен елемент на делото – без намера нема дело! Оттука, ова дело не може да се стори од небрежност, туку само со директна умисла.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини