Денеска цел ден очекувајте дожд

од Nikola Popovski
186 прегледи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Локално во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.

Температурата наутро ќе се движи од 10 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 16 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и појава на град.

Температурата ќе биде од 16 до 24 Целзиусови степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, особено пообилни врнежи ќе има од утре кон деновите од викендот.

Слични содржини