САД: Вечерва ќе биде погубен затвореник кој 39 години чекал егзекуција

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

Еден од најдолгите американски затвореници осуден на смрт, од 1984 година, треба да биде погубен вечерва во 18 часот по локално време (0.00 часот по средноевропско време) во американската држава Флорида.

Затвореникот Дуан Овен ќе добие смртоносна инекција во затворот Старк, пренесува АП.

Во 1984 година, Овен беше осуден за двојно убиство и силување.

Прво ја силувал и ја убил бебиситерката Карен Слатери (14), а потоа и Џорџија Ворден (38), двете во округот Палм Бич.

Покрај тоа, Овен нападнал уште две жени, но тие преживеале.

Сите четири напади се случија пред 23-тиот роденден на Овен, а тој сега има 62 години.

Тој е еден од 293-те луѓе кои чекаат егзекуција во Флорида.

Покрај смртната казна доби и шест доживотни казни.

Доколку се спроведе погубувањето, тоа би било четврто во 2023 година, потпишано од гувернерот на Флорида, Рон Десантис.

Слични содржини