Бугарија не може да постави нови услови-преговарачката рамка е затворена, уверува Османи

од Nikola Popovski
313 прегледи

Бугарија не може да постави нови услови затоа што преговарачка рамка е затворена. Отворање на преговарачката не може на барање на нашата или вашата опозиција. Не може да има нови услови. Во неа има три патокази, а во едниот има Акциски план за малцинства. Тоа е единствениот услов кој што е влезен во бенчмарковите за отворање и затворање на поглавјата. Тој Акциски план се однесува на сите заедници во државата, не само за бугарската, изјави денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање од бугарски новинар на Преспа форумот за дијалог.

Како што рече министерот, Договорите со Грција и Бугарија се во Преговарачката рамка во генералниот дел, но не во делот на патоказите.

-Ние не се надеваме дека со Бугарија ќе одиме со калкулатор. Се надеваме дека ќе изградиме односи каде што добрата волја и почитта ќе го водат процесот и и ќе развиеме разбирање еден за друг. Да не бидеме со калкулатор со рака и да пресметуваме кој колку направил, додаде Османи.