Има две верзии за претепувањето на Кадриески, Османи: Не ги делам Бугарите од Албанците, да не се брза со квалификации

од Nikola Popovski
455 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денеска порача дека е многу чувствителен на тема говор на омраза по етничка основа и насилство од омраза. Тој одговарајќи на прашање поврзано со претепувањето на потпретседателот на бугарскиот клуб „Шемето“ од Струга, изјави дека многумина биле изненадени зошто толку брзо отишол во болница во Софија, кога беше инцидентот со охриѓанецот Христијан Пендиков.

-Прагот на сензитивност ми е многу низок кога станува збор за  говор на омраза на етничка основа. Верувајте не ги делам Бугарите од Албанците или Ромите или не знам кој други. Ние сме држава која е модел за меѓуетничка толеранција и нема да дозволиме никој да ни го руши тој просек. Во овој случај побаравме од сите да не избрзуваат со квалификации, туку да се види што точно се случило. МНР е прва точка на контакт и јас контактирав со сите и кажав дека не смее да доцниме ниту еден час во расчистување на овој случај, рече Османи.

Како што соопшти министерот, има две верзии за нападот на Бекир Кадриески.

-Едната на напаѓачот, едната на нападнатиот, кои што се сосема различни. Обвинителството нека ги расчисти, а потоа ако има елементи, јас ќе реагирам повеќе од било кој бугарски политичар, бидејќи тоа е прашање за кое нема да дозволиме во оваа држава да порасне како тренд. Мораме да го уништиме говорот на омраза и насилството на омраза. Да не се политизира прашањето бидејќи даваме лоши пораки, на секој инцидент да се повикува на етничка омраза, за да се добие одредена заштита. Мораме да сме внимателни, додаде шефот на македонската дипломатија.

Слични содржини