Претепаниот Кадриески е на пат за Бугарија

од Nikola Popovski
636 прегледи

Претепаниот копретседател на бугарскиот клуб „Шемето“ од Струга, Бекир Кадриески е на пат за Бугарија, каде ќе биде примен на лекување.

Македонецот со бугарска самосвест, како што пишуваат бугарските медиуми, ќе биде однесен во Воената-медицинска академија. Тоа е Клиниката каде што се лекуваше и охриѓанецот Христијан Пендиков.

Кадриески претходно сам предложил да го продолжи лекувањето во Бугарија. 45-годишниот маж кој, како што пишува „БНТ“, го нападнале вкупно пет мажи имал главоболка и крварење. Тој денеска потврди дека се плаши за својот живот.

Македонското МВР вчера соопшти дека случајот е расчистен, а првиот човек на македонската дипломатија, Бујар Османи истакна да не се брза со квалификации за инцидентот и порача дека Обвинителството го истражува делото.

Слични содржини