Процесот на пристапување во Европската Унија е многу важен за целиот регион на Западен Балкан, секоја земја е во различна фаза, но треба да има јасна перспектива создавајќи посилни врски со институциите на Унијата, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши на панел дискусијата „Трасирање на патот кон просперитет: EcoFin стратегии за раст на Западен Балкан“, која што е дел од третиот Преспа Форум за дијалог.
Како што рече министерот, зголемената регионална соработка е исто така од суштинско значење за да се искористат капацитетите за раст и развој на регионот.
-Поддршката на ЕУ е добредојдена како поддршка за градење капацитети, пристап до финансии, вмрежување и отворање можности за партнерства со партнерите од ЕУ”. Ќе биде многу тежок пристапот кон ЕУ, затоа што ние не можеме да го направиме тој голем прогрес без поддршка од земјите на ЕУ. За граѓаните е важно да има еднаквост кон сите можности. Сите земји од Западен Балкан треба да се третираат на ист начин од земјите на ЕУ, тоа е клучно и за Република Северна Македонија. Ние не може да работиме само за да преживееме, но треба да создадеме и прогрес.
Нашите цели се стратешките сектори на кои им требаат структурни реформи, како и поддршка на двигателите за иновации, истражување и развој и бизнис врз основа на домени за паметна специјализација, рече Бектеши на панел-дискусијата.