Инсекти кои можат да пораснат и до осум сантиметри преплавија град во Невада (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
468 прегледи

Во делови на американската сојузна држава Невада, жителите имаат бројни проблеми поради милиони мормонски штурци, летечки инсекти кои можат да пораснат и до осум сантиметри. Во Елко, град во североисточна Невада, штурците се појавија во понеделникот, покривајќи патишта, вегетација, па дури и ѕидовите на локалните болници, објавија повеќе медиуми.

„За да ги превеземе пациентите во болница моравме да ангажираме луѓе со правосмукалки за лисја и метли, а во еден момент имавме и трактор со плуг за снег. Тој ни помогна да оттурнеме купишта штурци од патеката на болницата“, рече Стив Бароус, директор во регионалната болница во Североисточна Невада за локалната телевизија KSL.

Многу жители не се задоволни со овие инсекти. Иако ова не е прв пат да се појават, никој не се сеќава дека ги имало толку многу. Многумина ги сметаат за одвратни – велат, изгледаат како пајаци, а се е полно со нивниот измет. Но, има и такви на кои не им пречи и ги сметаат за прилично слатки.

Овие инсекти се многу необични: јадат трева, грмушки и земјоделски култури, а ако се многу гладни, ќе јадат и членови од својот вид. Живи или мртви, не им е важно.

Освен поради гадливост, тие не им се допаѓаат на луѓето бидејќи нивната исхрана значи оштетување на земјоделските култури. Во 2001 и 2003 година изеле жито во Јута во вредност од 25 милиони долари. Дополнително, поради тоа што на патиштата има густи роеви од овие животни, се случуваат и сообраќајни несреќи.

Слични содржини