Бургер-тортиља: Вкусен ручек на маса за помалку од 15 минути!

од Stefanija Kuzmanovska
292 прегледи

Плескавиците и тортиљите се храна на која речиси никој не може да и одолее. Сепак, дали сте размислувале како е да се комбинираат двете?

Рецептот кој денес ви го подготвивме е комбинација од плескавица и тортиља, а најдобро од се е што се подготвува брзо, а вкусот ќе ве воодушеви.

Подготовка:

Посолете го и побиберете го месото, а потоа формирајте 10 помали плескавици.

Пржете ги на врело масло од двете страни.

Кога ќе бидат готови, извадете ги плескавиците, па во истото масло пропржете ситно исечкан кромид.

Измешајте павлака, кечап, сенф и мајонез, па намачкајте ги тортиљите.

Врз намазот, врз секоја тортиља ставете по две плескавици, зелена салата ајсберг, кромид, сечкани домати и парчиња кашкавал.

Сè убаво завиткајте, па загрејте во тостер или тава.

На Здравје!

Слични содржини