Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, ја коментираше изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Украина не може да биде членка на Алијансата додека трае конфликтот, дека Русија принципиелно не ја сака Украина во НАТО и дека тоа значи дека за сегашниот режим во Киев конфликтот ќе биде постојан.
„Не ни треба Украина во НАТО. Во секој случај, сè додека постои дури и мал дел од таа држава во нејзината сегашна форма. Од тоа следи дека за нацистичка Украина конфликтот ќе биде постојан. А новиот политички режим во Киев (ако воопшто постои) во НАТО нема да биде пожелен“, напиша Медведев на Телеграм.
Столтенберг претходно изјави дека Украина не може да стане членка на НАТО во екот на конфликтот, но повтори дека вратата на Алијансата се уште е отворена за Киев.