Каевски: Наместо бескорисни ТВ дуели, ДПМНЕ да дојде на дијалог преку работни групи

од Nikola Popovski
315 прегледи

Премиерот Ковачевски и Христијан Мицкоски веќе имаа лидерска средба на која се разговараше за се. Потоа сето тоа беше презентирано пред целата македонска јавност на прес конференција. Сега е време да се почне со работа и да се престане со блокади, бидејќи губиме време, рече денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој порача дека Македонија треба да донесе одлука за својата европска иднина и затоа е потребно да продолжи дијалогот преку работни групи.

-Наместо бескорисни ТВ дуели, ја повикуваме ДПМНЕ да си го одржи ветувањето и да номинира свои претставници. Обединети е единствениот начин на кој сите можеме да победиме, истакна Каевски, кој воедно е и пратеник.

Мицкоски денеска од Ваташа со остар тон повторно побара ТВ дуел со Ковачевски.

-Човекот е кукавица, се плаши да оди на избори, се плаши да излезе на ТВ дуел, таква е ова политичка матрица на овие луѓе. Освен тоа што уште некое време ќе бидат таму каде што се, јас не очекувам било каква креативност, еднаш кукавица, цел живот кукавица. За да нема вака кажавме така кажавме, средба на тимови, средба на лидери, еве јавно пред македонската јавност, очи во очи да си кажеме тоа што сакаме па народот нека суди и нека пресудува, рече лидерот на опозицијата.

Слични содржини