Диететичарот Кимберли Виман советува за појадок да јадете комбинација од протеини и сложени јаглехидрати, бидејќи така подолго ќе останете сити и ќе имате доволно енергија за да го продолжите денот.
Постојат четири причини зошто се чувствувате гладни по будењето:
Имате брз метаболизам
Чувството на ситост најмногу зависи од метаболичката стапка на вашето тело. Ако сте спортист или некој со многу мускулна маса, веројатно ќе согорите повеќе калории додека спиете. Имено, мускулите се метаболистички поактивни од мастите.
„Луѓето со побрз метаболизам може да сечувствуваат погладни наутро отколку луѓето со побавен метаболизам“, вели диететичарот Кимберли Виман.
Таа објасни дека „побрзиот метаболизам значи дека вашето тело побрзо ја вари храната, па затоа е потребно подолго време за да сечувствувате сити или може почесто да сечувствувате гладни“.
Имате некои здравствени проблеми
„Секогаш кога некоја медицинска состојба влијае на шеќерот во крвта, постои можност да влијае на апетитот. „Особено ако имате дијабетес или други проблеми со шеќерот во крвта, тогаш утрото ќе биде вашето најгладно време од денот“, рече Виман.
Луѓето со дијабетес можат да доживеат состојба наречена „феномен на зората“.
„Ова е предизвикано од зголемениот шеќер во крвта во утринските часови, што може да доведе до зголемен глад“, додаде таа.
Таа истакна дека некои лекови може да го зголемат гладот, како што се стероидите, некои антидепресиви, антихистаминици и одредени лекови за мигрена.
Не спиете доволно
Спиењето е често занемарен фактор во нашето чувство на глад. Виман потсети на бројни студии кои покажуваат дека добар ноќен одмор и соодветен апетит одат рака под рака.
„Едно истражување од 2013 година покажа дека недостатокот на сон значително ја намалува способноста на мозокот да го регулира апетитот. Друга мала студија од 2019 годинапокажа дека здравите жени доживеале зголемен глад и желба за храна кога спиеле 33 проценти помалку. Исто така, јадеа повеќе чоколадо“, објасни таа.
Доволното спиење помага да се спречи прекумерниот утрински апетит.
„Ако се будите многу гладни, решението би можело да биде да си легнете малку порано навечер“, додала таа.
Може да дојде со возраста
„Како што стареат луѓето, тие можат да изгубат дел од нивната способност да почувствуваат дали се гладни или жедни. Покрај тоа, колку старееме, толку е побавен нашиот метаболизам и помалку калории ни се потребни во целост.
„Обидете се да јадете повеќе мали, почести оброци, почнувајќи со лесен појадок“, рече Виман.
Таа предложи да јадете комбинација од протеини и сложени јаглехидрати за појадок, бидејќи така подолго ќе бидете сити.
„Протеините се најзаситувачката хранлива материја, а влакната во храната со сложени јаглехидрати полека се варат, потребно е одредено време за да го напуштат дигестивниот тракт“, објаснува таа, пишува Mind Body Green, пренесе 24 sata.hr.