Сончево и топло, температури до 31 степен

од Nikola Popovski
194 прегледи

Времето денеска ќе биде сончево и значително потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. известуваат од УХМР. UV индексот ќе биде 8.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 17, додека максималната од 21 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 29 степени.

Во вторник времето ќе биде претежно стабилно и суво, додека од среда па натаму очекуваме нова дестабилизација на атмосферата и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради топлотниот бран, но и поради енергијата во атмосферата во седмицата која ни претстои има услови и за локална појава на град од поголема величина .

Слични содржини