Германската поп ѕвезда Хелен Фишер си го исече лицето за време на настап.
Имено, за време на нејзиниот акробатски дел од настап во Хановер, Фишер паднала и ја удрила главата во трапезот, пишува „Блид“.
Незгодата се случила додека таа ја изведувала својата песна „Wounds“. И покрај тоа што поради оваа повреда ѝ течело крв по лицето, пејачката продолжила да пее.
Сепак, поради овој инцидент, Фишер сепак мораше да го заврши настапот порано од планираното.
Првично на сцената излегоа членовите на нејзиниот тим кои ја изнесоа, а пејачката на вознемирената публика ѝ порача:
„Морам само да го исчистам ова, се е во ред“.
Меѓутоа, неколку минути подоцна концертот бил откажан, а организаторите објавиле дека на пејачката ѝ била укажана соодветна медицинска помош.