Сара Џесика Паркер КОНЕЧНО кажа што мисли за враќањето на Ким Катрал

од Stefanija Kuzmanovska
342 прегледи

Иако главната ѕвезда на серијата „Sex and the City“, и нејзиното продолжение „And Just Like That… “, до сега молчеше за кавгата со една од колешките на сетот, која кулминираше со заминувањето на Ким Катрал, Сара Џесика Паркер сега реши да каже сè.

Остануваат уште два дена до новата сезона на серијата „And Just Like That… “, а корисниците на стриминг платформата HBO Max првиот ден ќе можат да видат дури две епизоди.

А она што сите со нетрпение го очекуваат е враќањето на Ким Катрал, во улогата на Саманта Џонс. Иако првично рече дека нема да се врати во омилената улога поради лошите односи со другите нејзини колешки – Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон, таа на крајот го прекрши зборот.

Според некои странски медиуми, станува збор само за сцената во која Кери Бредшо телефонски разговара со Саманта Џонс, а наводно е дел од последната епизода која треба да послужи како тизер за третата сезона. Треба да се напомене дека третата сезона сè уште не е официјално потврдена, па останува да видиме како сето тоа ќе се одвива.

Но, да се вратиме на она што сите ги интересира – односот меѓу Сара Џесика Паркер и Ким Катрал, кои долги години не се во добри односи. Иако до сега молчеше за нивната врска, холивудската актерка сега реши да каже што мисли. Коментирајќи за враќањето на Саманта и Ејдан Шо, коj гo игра Џон Корбет, Паркер рече:

„Навистина размислувавме за начините на кои им приоѓавме на ликовите што ги нема, за начините на кои ги покануваме актерите назад. Беше навистина забавно и возбудливо и секако носталгично. Но, првенствено имаше многу радост“.

Од друга страна, Кристин Дејвис, која ја глумеше Шарлот Јорк Голденблат, јасно стави до знаење дека камео појавувањето на Ким Катрал не значи дека тие ја оставиле караницата настрана.

„Мислам дека понекогаш навистина имаш пријатели во животот кои се многу различни од тебе. И мислам дека тоа е одлично. Нели? И мислам дека тоа беше одлично за нас четирите, бидејќи очигледно Шарлот понекогаш имаше навистина поинаква перспектива од Саманта и Кери и Миранда. Мислевме дека ќе биде забавно за фановите да имаат малку Саманта затоа што знаеме дека им недостига и таа е одличен лик“.

Слични содржини