777 Hypercar (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
257 прегледи

777 Motors е основан од претприемачот и колекционер Андреа Леви, чиј 777 Hypercar ќе се произведува во ограничена серија од само 7 единици (по цена од 7 милиони евра по парче).

777 е на врвот во однос на перформансите благодарение на FIA хомологираниот јаглероден монокок и софистицирана аеродинамика развиена од Dallara (која генерира надолна сила од 2.100 kg при брзина од 370 km/h), како и екстремно малата тежина од само 900 кг.

Моторот е 4,5-литарски атмосферски V8 со 740 КС при 9.000 вртежи во минута, придвижуван од синтетичко гориво.

Прочитајте повеќе:

Sparco е одговорен за тркачката и безбедносната опрема, додека Stilo ќе ја снабдува кацигата.

Според италијанската компанија, првите испораки до клиентите се планирани за 2025 година.