Хорор во Хондурас: По бунт во женски затвор, пронајдени 41 тело, повеќето изгорени

од Vladimir Zorba
307 прегледи

По бунт, властите на Хондурас пронашле 41 тело во женски затвор, од кои повеќето биле изгорени, пишува Франс прес.

– Властите работат на идентификување на телата – изјави портпаролот Јуриј Мора, додавајќи дека немирите избувнале во Centro Femenino de Adaptación Social (CEFAS), женски затвор на околу 20 километри од главниот град Тегусигалпа.

Има историја на фатални инциденти во затворите во Хондурас. 18 затвореници беа убиени во конфликт на банди во 2019 година, додека повеќе од 350 загинаа во пожар во 2012 година, пишува Ројтерс.

Слични содржини