197
Во железничка несреќа во Тунис загинаа две лица, а 30 се повредени, јавува „Ројтерс“ повикувајќи се на известувањето на локалните медиуми.
Несреќата се случила во вторникот вечерта, кога воз на релација меѓу тунискиот крајбрежен град Сфакс и главниот град на Тунис излетал од шините, јави Радио Тунис.
Според соопштението на здравствените власти, во несреќата загинале машиновозачот и неговиот помошник.