292
Пентагон соопшти дека ја преценил вредноста на оружјето кое ѝ го испратиле на Украина на 6,2 милијарди долари, што е приближно двојно повеќе од она што всушност било испратено, што значи дека вишокот ќе се користи во иднина за дополнителни резерви на оружје.
Деталниот преглед на сметководствената грешка покажа дека е користен трошокот за замена, а не книговодствената вредност на опремата што е извлечена од залихите, рече портпаролката на Пентагон Сабрина Синг, пренесе „Гардијан“.
Пентагон претходно направи слична грешка, кога ја прецени вредноста на муницијата, ракетите и другата воена опрема за три милијарди, а бројката може да се зголеми со понатамошна истрага.