Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска вети долгорочни безбедносни гаранции за Украина.
Шолц пред германскиот парламент изјави дека Украина нема да може да стане членка на НАТО пред крајот на војната, пренесе Ројтерс.
„Мораме трезвено да ја разгледаме моменталната ситуација“, истакна Шолц, наведувајќи дека владата во Киев самата признала дека Украина нема да може да се приклучи на НАТО додека трае војната.
Канцеларот нагласи дека фокусот треба да биде ставен на приоритетот на самитот на НАТО во Вилнус во средината на јули, кој ја зајакнува борбената моќ на Украина.
Берлин и партнерите во Г7 и ЕУ работат на долгорочни безбедносни гаранции за Украина, рече Полц, наведувајќи дека целта е одржлива воена поддршка за Киев, вклучувајќи модерно западно оружје и зајакнување на економската отпорност на Украина, пренесе Танјуг.