471
Сопственикот на Твитер, Елон Маск, денеска започна кавга со шефот на Фејсбук, Марк Закерберг, исмевајќи ја неговата компанија Мета, која се обидува да лансира платформа за „микро-блогирање“ за да му се спротивстави на Твитер.
„Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде само под палецот на Закерберг без други опции“, напиша Маск на Твитер, пренесе Politico.
Тој додаде дека е за „борба во кафез“ со сопственикот на Фејсбук, „ако и тој е за тоа“.
Закерберг одговори на Инстаграм, пишувајќи: „Испрати ми ја локацијата“.