Зеленски: Русија размислува за напад на нуклеарната централа Запорожје, сакаат да испуштаат радијација!

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Повикувајќи се на извештај на украинската тајна служба, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Русија го разгледува сценариото за терористички напад на нуклеарната централа Запорожје.

„Терористички напад со истекување на радијација. Тие подготвија сè за ова. За жал, морав неколку пати да потсетам дека радијацијата нема национални граници, а кого ќе погоди зависи само од насоката на ветрот“, напиша Зеленски на Твитер.

Тој тврди дека Украина ги споделува сите достапни информации со своите партнери.

„Европа, Америка, Кина, Бразил, Индија, Арапскиот свет, Африка – сите земји, апсолутно сите треба да го знаат ова. Меѓународни организации. Сите. Никогаш и никаде не смее да има терористички напади врз нуклеарни централи. Овојпат не треба да биде како со Каховка – светот е предупреден, па светот може и мора да дејствува“, напиша Зеленски на Твитер.

Слични содржини