Швајцарски градови го покачија минималецот на 4.000 евра – и повторно не се задоволни

од Vladimir Zorba
367 прегледи

Швајцарските градови Цирих и Винтертур воведуваат минимална плата која ќе изнесува околу 4.000 швајцарски франци месечно или околу 4.075 евра, пишува „Јутарњи“.

За споредба, минималната плата во Германија е 2,7 пати помала отколку во овие два швајцарски града. Притоа, оваа минимална плата е повисока од просечната плата во Германија, која изнесува 3.810 евра.

Околу 70 отсто од граѓаните во Цирих ја поддржаа одлуката за зголемување на минималната плата, додека во Винтертур таа поддршка е нешто помала – 65,6 отсто.

Иницијативата за покачување на минималната плата ја водеа левичарските партии со тезата дека „оној што многу работи мора пристојно да заработува“.

– Градскиот совет на Винтертур првично поддржа поумерена иницијатива за минимална плата. Кога тоа не успеа во парламентот, владата се изјасни за иницијативата „Животна плата“ – изјави градскиот советник Николас Галаде, изненаден од јасниот резултат.

Имаше и политички партии кои не беа задоволни од исходот и од ставовите на граѓаните.

– Во Цирих СВП, ФДП, ГЛП и центарот се бореа против воведувањето на минималната плата – вели Перпарим Авдили, претседател на ФДП на градот Цирих, кој е разочаран од резултатот.

Тој е убеден дека на овој начин не може да се бори против сиромаштијата. Наместо тоа, се изгради бирократија, објаснува тој и додава дека таквата одлука секако не придонесува Цирих да стане поатрактивен како деловна дестинација.

Според него, се уште има многу неодговорени прашања кога е во прашање имплементацијата. На пример, како треба да се контролира минималната плата.

– Овде има уште многу да се разговара – се согласува Дезире Шјес, претседателка на Здружението на мали и средни претпријатија Винтертур.

Треба внимателно да се разгледаат и правните прашања.

– Ја прифаќаме оваа демократска одлука, но размислуваме и дали сакаме да поведеме правна постапка против неа. Само во Цирих околу 17.000 луѓе заработуваат помалку од 4.000 франци месечно. Ова главно ги погодува вработените во секторите како малопродажба, чистење или гастрономија – заклучува тој.

Слични содржини