Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар при ОВР Дебар денеска расчисти пет кривични дела, при што до Основното јавно обвинителство Дебар се поднесени пет кривични пријава против Д.Ц.(36) од Република Албанија, поради сомнение дека сторил пет кривични дела „тешка кражба“, казниви по член 236, став 1, точка 1 од Кривичниот законик.
Како што информира МВР, тој кривичните дела ги извршил во куќи на подрачјето на Дебар, од кои три кривични дела биле пријавени на 12.02.2023, едно на 30.01.2023 и едно на 10.03.2017, при што одзел разновидни вредни предмети и се стекнал со противправна имотна корист од 1.650.000 денари.
-Од страна на инспектори преземени се мерки и активности, при што по оперативен пат беа прибрани материјални докази дека сторител на овие кривични дела е Д.Ц. од Албанија. За лицето беа спроведени низа оперативни дејствија при што е утврдено дека по извршувањето на кривичните дела на територијата на Дебар продолжил со криминални дејствија во Албанија, каде бил приведен и во моментов издржува затворска казна, соопшти МВР.