318
Развојот на вештачката интелигенција (ВИ) би можел да ги загрози работните места на речиси 80 отсто од жените во САД, според новото истражување на училиштето Кенан-Флегер на Универзитетот во Северна Каролина.
Околу 59 милиони вработени жени во САД се занимаваат со професии кои се загрозени од автоматизацијата и развојот на вештачката интелигенција, пренесува CNN.
Вработените мажи исто така се изложени на овој ризик, но во помала мера, бидејќи напредокот на вештачката интелигенција е потенцијална закана за 58 отсто од машката работна сила.