Презентацијата на новата машка колекција на Диор во Париз не сакаа да ја пропуштат многу познати фаци како ѕвездата на „Игра на тронови“, Гвендолин Кристи, заедно со легендарната Деми Мур.
Познатото дуо на ревијата пристигна модерно координирано, во стилови во кои доминираа елегантните твид одела со потпис на Диор.
И додека Кристи се одлучи за тегет, 60-годишната Мур избра кремаста верзија.
Со поголема разлика во висината, тие успеаја особено да ги заинтригираат насобраните фоторепортери за кои спремно позираа.