Началникот на платениците на „ВАГНЕР“, Евгениј Пригожин, рече дека неговите војници зазеле клучни воени објекти во јужниот руски град Ростов-на-Дон. „Воените објекти на Ростов, вклучително и аеродромот, се под наша контрола“, рече Пригожин во видеото објавено во саботата наутро.
Тој рече дека неговите сили го зазеле штабот на руската армија на југот на земјата во град со над милион жители во пограничната област со Украина. Ова не можеше веднаш да се потврди независно. Министерството за одбрана во Москва се уште не ги коментираше тврдењата на Пригожин.
Per reports, a Wagner assault team approached the entrance of the Russian Southern Military District Headquarters in Rostov pic.twitter.com/Sr3LvXb91M
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) June 24, 2023
Пригожин во видеото рече и дека борбените авиони за војната против Украина продолжиле да полетуваат од аеродромот во Ростов според планираното: „Авионите… ќе полетаат според планираното“. На телеграмс каналот на „Вагнер“ се појави видео на кое се гледа како Евгениј Пригожин разговара со највисоките руски генерали во, како што вели каналот, окружниот воен штаб во Ростов на Дон.
Looks like they probably stood down when Prigozhin entered the building https://t.co/thZqEoGREw
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) June 24, 2023
Видеото не можеше да се потврди независно. Во видеото, Пригожин се чини дека вели дека неговите луѓе ќе го блокираат Ростов на Дон и ќе се упатат кон Москва, доколку рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и генералот Валериј Герасимов не дојдат кај нив. Гувернерот на Ростовската област, Василиј Голубев изјави дека сите јавни настани планирани за овој викенд во Ростов на Дон се откажани.
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) June 24, 2023
Јавниот превоз во градот беше во функција, но маршрутите околу центарот на градот беа променети, посочи тој на Телеграм.
„Приградскиот превоз од Азов, Батајск и Аксај работи редовно. Привремени ограничувања има за Таганрог (пристанишен град), како и за северниот правец од Ростов“, рече тој.
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) June 24, 2023