Велика Британија: „Вагнер напредува кон Москва“

од Vladimir Zorba
491 прегледи

Би-би-си ги објави најновите разузнавачки информации од Министерството за одбрана на Обединетото Кралство. Според нив, некои единици на Вагнер „се движат на север низ регионот Воронеж, речиси сигурно со цел да стигнат до Москва“.

Воронеж е на половина пат помеѓу главниот град Москва и Ростов на Дон, рускиот град за кој платеничката група Вагнер тврди дека сега го контролира. Министерството за одбрана на Обединетото Кралство вели дека Вагнер „речиси сигурно“ ги освоил клучните локации во Ростов на Дон.

Британците го опишуваат овој бунт како „најзначајниот предизвик за руската држава во последно време“. Во извештајот се наведува дека постои закана од ескалација во „директен воен конфликт“ и се додава дека силите на Вагнер „преминале од окупирана Украина во Русија на најмалку две локации“.

Исто така, се тврди дека некои руски војници „веројатно останале пасивни, застанувајќи на страната на Вагнер“. „Во следните часови лојалноста на руските безбедносни сили, а особено на руската национална гарда, ќе биде клучна за развојот на кризата“, заклучуваат Британците.

Слични содржини