Руски авиони бомбардираа села и градови во близина на сирискиот град Идлиб, загинаа 9 цивили

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Руски авиони денеска бомбардираа села и градови во близина на северозападниот сириски град Идлиб, при што загинаа 9 цивили, а 30 се повредени, изјавија очевидци и спасувачи, пренесува Ројтерс.

Воени авиони на голема височина, за кои мониторинг центарот рече дека се руски авиони Сухој, фрлале бомби на пазарот во Џиср ал-Шугур додека бил преполн со купувачи пред муслиманскиот празник Бајрам, соопштија Белите шлемови.

Очевидци и спасувачи рекоа дека авионите погодиле и села во планинскиот регион Џабал ал Завија и западното предградие на градот Идлиб, кој припаѓа на тампон зоната формирана пред речиси пет години.

Слични содржини