301
Ова е „многу посебна и емотивна вечер“ – рече Елтон Џон и се прости од британската јавност во неделата вечерта на сцената на легендарниот фестивал во Гластонбери, на југозападот на Англија.
Во златен костум и очила со црвени стакла, 76-годишната ѕвезда пристигна на сцената помалку вкочането.
„Ова е многу посебна и емотивна вечер за мене, ова би можело да биде мое последно шоу во Англија, во Велика Британија, па сакам да бидам добар“.
Елтон Џон, кој на 8 јули ќе ја заврши својата светска проштална турнеја во Стокхолм, го затвори 51. Фестивал пред десетици илјади посетители на познатата сцена „Пирамида“.