Внукот на Ахмети земал кредитна линија од тиранска банка за да ја купи „Соравија“ која има долг од 20 милиони евра

од Nikola Popovski
385 прегледи

Внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети кој го купил ТЦ „Соравија“ денеска на прес-конференција даде повеќе детали околу купувањето на објектот во центарот на Скопје.

Тој појасни дека „Соравија“ има долг од 20 милиони евра и дека во проектот влегува со неговите партнери, Владимир Пјетерѓокај, сопственик на „PE-VLA-KU SH.P.K“.

-Не се мои пари, туку земав кредитна линија од страна на тиранската банка Кредис каде што свој удел има албанскиот партнер Пјетерѓокај. Ова е добар проект и затоа одлучивме да им дадеме 6 милиони евра. Со тие пари не може да се врати долгот од 20 милиони, но ние го земавме долгот на себе, рече Дрин Ахмети, нагласувајќи дека не даваат пари од свој џеб туку со кредитна линија.

Внукот на лидерот на ДУИ исто така информира дека од 6-те милиони евра, три милиони веќе се одобрени и платени.

-За се што имаме за имотите, ќе споделиме со јавноста. Ништо нема да скриеме и со сите ќе ги споделам, рече Ахмети одговарајќи на новинарско прашање.

Дрин Ахмети е извршен директор на фирмата „Thor Industries“.

Слични содржини