Фајон: Вознемирувачка ситуација на Западен Балкан, особено на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
410 прегледи

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон изјави дека на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се разговара за ситуацијата на Западен Балкан.

Се наведува дека фокусот е на настаните во Косово, пренесува „Кљан Косова“.

Фајон додаде дека деескалацијата на тензиите меѓу Косово и Србија е повеќе од потребна.

„Ќе разговараме за вознемирувачката ситуација на Западен Балкан со фокус на Косово и Србија. Неопходно е да се деескалираат тензиите, како и безбедноста на граѓаните“, рече Фајон.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел најави дека ситуацијата на северот на Косово ќе биде на дневен ред на денешната седница на Советот за надворешни работи, додавајќи дека за тоа многу се разговарало во ЕУ во претходните денови.

Слични содржини