Пригожин се обрати за прв пат по бунтот: „Не марширавме за да го собориме Путин“

од Vladimir Zorba
378 прегледи

Водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, рече дека не го таргетирал Путин кога неговите војници марширале кон Москва во саботата: „Не марширавме за да го собориме руското раководство“, рече Пригожин во своето прво обраќање по бунтот во саботата.

Во својата 11-минутна видео-порака, тој рече дека целта на востанието е да се избегне уништувањето на Вагнер и да се повикаат на одговорност официјални лица кои, со, како што ги нарече, непрофесионални дејствија, направиле „огромен број грешки“, мислејќи на одлуката на Министерството за одбрана да ги принуди сите доброволци во Русија да бидат под контрола на Кремљ.

Тој рече дека Вагнер жали „што морале да ја погодат руската авијација“ и дека се откажале од маршот кон Москва „за да се избегне крвопролевањето на руските војници“.

„Бевме на маршот за да го изразиме својот протест, а не да ја урнеме владата“, рече Пригожин.

Тој не понуди никакви детали за тоа каде се наоѓа или кои се неговите идни планови.

Слични содржини