Македонски дизајнер го замисли Yugo во нови верзии (ФОТО)

од Vladimir Zorba
507 прегледи

Како би изгледало ако „Zastava“ останеше жива и сè уште произведуваше модерни автомобили, во согласност со модерните трендови во дизајнот и технологијата? Тоа се запраша македонскиот дизајнер Дејан Христов пред две години, кога објави забележителна серија рендери. На нив го покажа легендарниот компактен модел на Застава Југо, редизајниран како електричен модерен градски хечбек.

Иако не знаеме што точно правел Христов во меѓувреме, неговиот профил на платформата Behance изобилува со различни интересни рендери на концептуални автомобили, а најнов меѓу нив е повторно Yugo. Овој пат дизајнот отиде во неколку насоки, па Yugo доби различни верзии, пишува Autonet.hr.

Покрај претходно прикажаниот електричен модел, има и кабриолет верзија, потоа електричен миниван, потоа спортско купе, робусен теренец и можеби најинтересниот – Yugo Roadster.

Христов вели дека неговите концепти во никој случај не се поврзани со поранешната компанија Zastava, но смета дека Yugo треба да се врати во живот во некоја форма. Имено, тој смета дека ниските трошоци за работна сила и производство во Србија би можеле да бидат потенцијално привлечни за инвеститорите.

Како и со објавувањето на неговите први рендери, тој вели дека се надева дека неговите идеи ќе ги охрабрат инвеститорите и претприемачите да се справат со оживувањето на поранешниот симбол на југословенската индустрија.

Секој концепт доаѓа со серија илустрации, од кои сите се на ова место.

Слични содржини