Српска пејачка гаѓана со шишиња поради поддршка на ЛГБТ популацијата (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
598 прегледи

Пејачката Ема Радујко (19) од Србија долго ќе го памети својот настап на фестивалската сцена Music Week. Имено, младата пејачка била гаѓана со шишиња, навредувана и исвиркана поради поддршка на ЛГБТ популацијата во Белград, пренесе „Јутарњи.хр“.

Таа се појави во трико во боите на виножито додека на екранот зад неа беше знамето на ЛГБТ+.

„Момци, подобро би било да купите цвеќе отколку да го фрлите ова“, рече Ема, покажувајќи кон предметите и ѓубрето натрупано на бината.

„Чекајте, ајде да завршиме, на сите нас ни е супер, а вие правите што сакате“, додаде таа, ја заврши песната и брзо се симна од сцената.

@returningtochildhood @emaradujko – napadnuta od strane publike na Music Week Festivalu‼️ #emaradujko #musicweek #musicweekfestival #viral #foryou #foryoupage #fyp #xyzbc #emaradujkomusicweek ♬ original sound – A

Слични содржини