389
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лeјен, во телефонски разговор со косовскиот премиер Албин Курти, ја истакна итната потреба од деескалација на ситуацијата на Косово и најави дека ќе зборува и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во текот на денот.
„Утрово разговарав со премиерот Албин Курти. Ја истакнав итната потреба од деескалација и враќање на дијалогот за нормализација на односите со Србија со посредство на Европската унија. Подоцна денеска ќе разговарам и со претседателот Вучиќ“, напиша Фон дер Лејен на својот Твитер профил.