Евтината денска струја се враќа од 1. декември

од Nikola Popovski
284 прегледи

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски денеска информираше дека евтината тарифа на струјата се враќа од 1-ви декември, во периодот од 13 до 15 часот.

-Тоа е максимум што можевме да го направиме и очекуваме во наредниот период да започне промената на броилата. Евтината тарифа не ја воведуваме од било какви политички причини, туку заради сигналот на цената на електрична енергија на сите берзи во Европа. Цената на електрична енергија во овој период е пониска од цената на електрична енергија после 24 часот. Со ова даваме сигнал и на ЕСМ и на ЕВН Хоум набавките на струја да ги интензивираат, кажа Бислимоски на прес-конференција.

На тој начин, додаде тој, ќе штедиме вода и јаглен и ќе придонесеме за намалување на сите трошоци на целиот енергетски систем.

Слични содржини