Во Брисел сме на средба со високи претставници на ЕУ, кадешто испративме порака дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа никаков договор под бугарски диктат и потребни се избори час поскоро за легитимна Влада избрана од народот. Главната цел на нашата делегација е да ги презентира своите позиции, ставови и аргументи за проблемите кои ги создаде Владата на ДУИ поддржана од СДСМ, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Како што истакна, најмногу го зачудува фактот што „преставници на Владата ја кодошат опозицијата во Брисел и бараат да се врши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да прифати договор кој не го преговарала, а за кој истакна дека е штетен“.
-Тоа е единствената работа која ја прават официјалните лица на Владата. Нашата порака е јасна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор кој што ќе биде под бугарски диктат. Тоа е основната и суштинската порака која што овде во Брисел ја пренесовме и ќе продолжиме да ја пренесуваме, а која што се темели на нашите факти и аргументи, кажа Мицкоски од Брисел.