Пригожин: Лукашенко предложи начини за решавање на бизнис проблемите на „Вагнер“

од Vladimir Zorba
511 прегледи

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко предложи начини за решавање на проблемот со идниот бизнис на приватната воена компанија „Вагнер“ на легален начин, изјави денеска основачот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин.

„Александар Лукашенко ја подаде раката и предложи да се бараат начини за решавање на проблемот заради идната работа на ПВК „Вагнер“ на законски регулиран начин“, напиша Пригожин, кој денеска пристигна во Белорусија, на каналот Телеграм, пренесе Белта.

Како што потсетува белоруската агенција, Лукашенко во саботата имал разговори со шефот на руската приватна воена компанија во врска со вооружениот бунт и маршот кон Москва.

Слични содржини