ВИДЕО: Започна да се распаѓа најубавата зграда на Белград на вода?

од Stefanija Kuzmanovska
1,5K прегледи

BW Terraces од над 22.000 квадратни метри е еден од симболите на Белград на вода, а некои првично ја прогласија за најубава зграда во областа бидејќи наликува на „Bејрутските тераси“.

Зградата се наоѓа во првиот ред до реката и ја карактеризираат балкони со панорамски поглед, а наводно „инспирација за ваков вид градба бил легендарниот неовавилонски крал Навуходоносор Втори, кој за својата сопруга, кралицата Амитис, ги изградил познатите Висечки градини“.

Но, таа инспирација не се однесува на квалитетот на градбата, судејќи по видеото кое се појави на мрежите, кое наводно е снимено токму пред таа зграда и покажува дека фасадата на Terraces веќе сериозно пропаѓа, пишува „Нова.рс“.

Седењето на тие тераси после ова на многумина веќе нема да им изгледа привлечно, иако зградата е во функција само околу две години.

Сепак, се чини дека и на другите згради на BW не поминуваат подобро. На интернет се појавуваат се повеќе снимки кои покажуваат како всушност изгледаат одблиску.

Цените на становите во Белград на вода се движат од „повеќе од 2.950 евра“ за метар квадратен, а најскапиот станбен квадрат во Србија е продаден таму во првиот квартал годинава по цена од 11.474 евра за метар квадратен.

Слични содржини