Шолц: Имаме голема почит за македонскиот идентитет, јазик и историја

од Nikola Popovski
297 прегледи

Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на државите од Западен Балкан, а за Северна Македонија, тоа важи посебно. Имаме голем почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што ги вложивте со реформи кон ЕУ, рече германскиот канцелар Олаф Шолц на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Шолц порача дека предвидените уставни измени на македонскиот Устав се од централно значење и од нив зависат многу нешта.

-Знам дека тоа не е едноставен чекор, но потребен за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ. Оттука сакам да ја охрабрам Северна Македонија да продолжи по патот на реформите со своите заложби. Реформите не се апстрактни барања и се важни за граѓаните со позитивни влијанија, кажа канцеларот.

Шолц истакна дека нашата земја презема голема одговорност како во НАТО, така и во ОБСЕ во поглед на војната во Украина.

Ковачевски заедно со владина делегација е во дводневна посета на Германија. Главниот фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и соработка меѓу Северна Македонија и Сојузна Република Германија, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

Слични содржини