217
Професор и двајца студенти биле избодени со нож за време на предавање за „родови прашања“ на универзитет во канадскиот град Ватерло, а осомничениот е приведен, соопшти локалната полиција.
Полицијата додаде дека раните не се опасни по живот, а мотивот за нападот се уште се истражува, пренесува АП.
„Во овој момент, нема понатамошна закана за јавната безбедност на или надвор од кампусот“, соопшти полицискиот оддел во Ватерло.