271
Полициски службеници на СВР Тетово вчера, околу 17.00 часот, го лишиле од слобода 57-годишниот тетовец Д.К, во чиј дом била пронајдена муниција.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, му биле пронајдени и одземени: 67 куршуми калибар 7,62 милиметри за автоматска пушка, 10 куршуми калибар 16 милиметри за ловечка пушка и 6 други куршуми од различен калибар, информираат од МВР.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 396 од Кривичниот законик.