Форумот на жени на ЛДП изрази длабоко жалење за загубата на животот на 24-годишна жена, мајка на 2 деца од радовишкото село Тополница. Ги повикуваат надлежните институции веднаш да дадат одговор како е дозволен закоп без обдукција и без да се провери дали можеби била бремена или силувана.
Прашуваат дали стварно станува збор за самоубиство или така е квалификувано „делото“, со цел да се заштити брачниот другар кој вршел психолошка тортура и други видови на насилство врз жртвата.
-Дали е поведена постапка против брачниот другар и поттикнувачите кои во видео пораката на жртвата се наведени како причинители за самоубиството, а еден од нив и го дал отровот. Ги повикуваме институциите да ги превземат сите неопходни активности во рамките на своите надлежности, се со цел да се расветли случајот и аманетот на 24- годишна жена да се испочитува, велат од ЛДП преку соопштение.