Поротата одлучи: Тревис Скот не е виновен за трагичните инциденти на неговиот настап

од Stefanija Kuzmanovska
266 прегледи

Раперот Тревис Скот нема да одговара за трагичните инциденти на неговиот настап.

Над 200 тужби се поднесени против раперот откако десет лица загинаа во несреќа која се случила за време на неговиот настап на фестивалот Астроуорлд во Хјустон.

Денеска во судот е донесена одлука дека раперот нема да одговара за овој трагичен настан, пренесе „Скајњуз“.

Со месеци на социјалните мрежи кружеа приказни дека Тревис е одговорен за една од најголемите трагедии на концертите.

По трагедијата, раперот извесно време се повлече од јавноста, а неговите настапи беа откажани.

Сега поротата пресуди во негова корист, па тој е ослободен од обвинението за една од најголемите трагедии на концерти.

Слични содржини