Северина ќе добива 12.000 евра дневно за нов проект: Еве за каков ангажман станува збор

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Северина ќе биде дел од нова телевизиска емисија во Хрватска, а за оваа соработка ќе добие прилично висока сума.

Музичката шоу програма „Суперстар“ наесен ќе пристигне во Хрватска, а во жирито ќе бидат Северина, Тончи Хуљиќ, Филип Милетиќ и Ника Турковиќ.

Северина ќе ги оценува кандидатите во оваа програма, а сега е откриено и колку ќе заработи од овој проект.

Како што пишува 24sata.hr, пејачката ќе добива хонорар од 12.000 евра дневно.

Да потсетиме, Северина пред речиси две години ги финализираше преговорите за водење на свое ток-шоу на регионална телевизија, но во октомври 2021 година се откажа од целата идеја.

Слични содржини